Хабиб ќе се бори ММА да ги внесе на Олимписките игри

143

Шампионот во лесна категорија УФЦ, Хабиб Нурмагомедов изјави дека сака ММА да ги вклучи во олимписката програма.

„Вклучувањето на ММА во Олимписките игри е една од моите главни задачи во следните неколку години. Ние дури веќе работиме во оваа насока. Во блиска иднина ќе имам многу состаноци, вклучително и со претседателот на Олимпискиот комитет. Мислам дека, ако не во Париз, тогаш во Лос Анџелес имаме голема шанса да ги промовираме ММА“, рече Нурмагомедов.

„Единствениот проблем е суровоста кон спортот. Ова не се охрабрува на Олимписките игри, тие не сакаат многу крв. Но, во однос на признавањето, спонзорството, интересот за телевизијата, мислам дека доколку ММА биде вклучена во програмата на Олимписките игри, овој спорт ќе биде подеднакво интересен како фудбалот и атлетиката“, додаде Дагестанецот.