Хабиб за мечот со Фергусон: Во мирно време неопходно е да се подготвувате за војна

194
Хабиб Нурмагомедов преку својот инстаграм профил најави дека ќе биде подготвен за борба против Тони Фергусон. 
Поради коронавирусот беше одложена борбата меѓу Хабиб и Фергусон која со години се чека. Веќе петти пат како борбата се закажува но не се одржува.
Претседателот на УФЦ, Дена Вајт наместо Хабиб го договори Џастин Гејчи да се бори против Тони Фергусон, но и овој дуел се одложи поради коронавирусот.
Се уште е нејасно дали на УФЦ 249 настанот главна борба ќе биде Фергусон – Хабиб или Фергусон – Гејчи, но Нурмагомедов се подготвува.
„Да не е толку далеку септември. Иако е тешко да се верува дека се ќе биде завршено во септември. Но еден сериозен човек рекол: „Во мирно време неопходно е да се подготвувате за војна“. Вие како сте?“, напиша Хабиб на својот инстаграм профил.