Хабиб сака да види меч меѓу Фјури и Усик

101

Шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов не еднаш ги искажа ставовите за профи боксот и модерните ѕвезди меѓу јажињата.

Сепак, последниот говор на непоразениот Дагестанец предизвика голема полемика кај љубителите на „слатката наука“. Русинот се изрази пофално за Александар Усик, кој оваа сабота ќе го има само вториот меч во тешка категорија.

Сепак, Хабиб смета дека нема друг боксер од гламурозната дивизија што наликува на стилот и движењата на Украинецот.

„Тешко е да се каже кој е најдобриот боксер во моментов“, рече Хабиб.

„Ги имате Канело Алварез, Александар Усик, Тајсон Фјури и Васил Ломаченко. Мечот кој најмногу би сакал да го видам е Тајсон Фјури против Александар Усик.

И двајцата се големи техничари, но Усик е единствен во тешка категорија. Никој не му приоѓа. Неговите движења  со нозете се многу добри, технички е на многу високо ниво, а во однос и на кондицијата е многу напреден“, додаде Нурмагомедов.