Хабиб: Роналдо се соочува само со еден страв во својот живот

227

УФЦ-шампионот Хабиб Нурмагомедов е добар пријател со Кристијано Роналдо, а меѓусебната почит двајцата ја покажале веќе неколку пати пред јавноста. Хабиб и ѕвездата на Јувентус се дружеа и разговараа во неколку наврати, а Дагестанецот откри дека Португалецот се пожалил дека главен проблем му е желбата неговиот син да тргне по фудбалските стапки на Кристијано.

Хабиб за медиумите вели дека Роналдо сака неговиот син да го наследи во фудбалот, но се плаши дека нема да ја има потребната мотивација како и него.

„Разговаравме речиси секој ден. Кога се сретнавме, разговаравме од каде потекнува нашата мотивација. Тој ми рече дека сака неговиот син да биде негов наследник. Кога Кристијано беше дете, тој само сонуваше да има еден пар фудбалски копачки. Неговиот син, за разлика од него, денес има сè. Роналдо се плаши дека можеби Кристијано јуниор нема да има ист глад и иста волја како и тој. Кога имаш сè, тешко е да ја имаш вистинската мотивација. Ми се допадна кога го слушнав ваквото негово размислување. Разбрав дека КР7 е личност која не е задоволна со една, две или три титули. Роналдо ја освои својата 30. титула, тој е најдобриот стрелец на сите времиња. Мислам дека ќе игра уште две или три сезони“, раскажа Хабиб.