Хабиб: Подготвен сум за војна!

144

Хабиб Нурмагомедов рече дека е „подготвен за војна“ и продолжува да се подготвува за борбата во лесна категорија, каде што ќе ја брани титулата против привремениот шампион Џастин Гејџи во Абу Даби овој месец.

Непоразениот шампион, чиј скор е 28-0, ќе се сретне со привремениот носител на титулата на 24 октомври на УФЦ 254.

32-годишниот Нурмагомедов не се борел 13 месеци кога по втор пат го победи Дастин Пориер на УФЦ 242 во Абу Даби.

Вчера Дагестанецот објави видео на социјалните мрежи, над кое напиша „подготвен за војна“.

Според многумина, Гејџи претставува најголема закана за Нурмагомедов, особено по моќната доминација во мај над Тони Фергусон.