Хабиб: Ќе го згазам Гејџи како што Исмаилов го згази Емилијаненко

188

Хабиб Нурмагомедов е подготвен да се бори со Џастин Гејџи.

Неодамна нанстан во Русија, кој организациите на ФНГ и ГФЦ го одржаа заедно во спомен на покојниот Абдулманап Нурмагомедов. Специјални гости на настанот беа Хабиб Нурмагомедов, Забит Магомешарипов, Пјотр Јан и многу други. На свечената вечер присуствуваше и Магомед Исмаилов, кој го смачка Александар Емилијаненко на гала вечер во Русија на крајот на јули.

Исмаилов ја презеде улогата на новинар и направи интервју со Хабиб, во кое ја коментираат битката со Гејџи.

„Гејџи во моментов е најопасен. Времето на Фергусон е поминато и нема смисла да зборуваме за Мек Грегор, веќе разговаравме со него. Џастин Гејџи ќе се обиде да не биде соборен на земја и ќе му треба многу од неговата сила. Колку повеќе се спротивставува, толку повеќе ќе троши енергија и ќе се умори.

Тој не дише. Тој се бори, но не дише. Ова не е битка што ќе трае две минути. Ова е битка од 5 до 25 минути. Првата минута може да биде една, но десетата е сосема поинаква. Нема да измислувам ништо. Ќе го напрвам тоа што ти му го направи на Емелијаненко, тоа е сè“, му рече Хабиб на Исмаилов за неговата борба со Гејџи, што ќе се одржи на УФЦ 254 во Абу Даби.

https://www.youtube.com/watch?v=ioMl5hUAbmk&feature=emb_logo