Хабиб ја заврши кариерата со една молба: Ова беше сон на татко ми! Против кого да се борам?

149

Хабиб Нурмагомедов со одличен учинок го победи Џастин Гејџи и ја одбрани титулата во лесна категорија на УФЦ.

Дагестанецот во втората рунда од грб со „задушување со триаголник“ го заспа Американецот и стигна до 29-та победа во неговата кариера.

По борбата Хабиб објави крај на својата кариера.

„Бог ми даде сè! Благодарност до овие момци со мене! Толку многу им должам на мојот тим. Ова беше мојата последна борба, повеќе не се враќам без татко ми. И ветив на мајка ми дека ова е мојата последна борба и ќе биде така“, рече Хабиб Нурмагомедов и додаде:

„Барам од УФЦ само една работа: ставете ме број 1 на „Паунд фор паунд“ рангирањето, јас го заслужувам тоа! Им благодарам на сите! Фала Џастин, ти си голем борец! Никогаш не знаеш што ќе се случи утре, знам колку добар човек си“.

Хабиб по борбата плачеше на среде октагонот, сеќавајќи се на неговиот татко и ментор кој почина оваа година како последица на коронавирусот.

„Ова беше сонот на татко ми. Што друго? Против кого да се борам? Ги задушив Конор и Џастин“, изјави шампионот и замина од октагонот со појасот околу половината.