Головкин ја покажа убавината на боксот и влезе во историјата (ВИДЕО)

463

Генади Головкин го надмина рекордот на Бернард Хопкинс за најмногу одбрани на светската титула во средна категорија (21)! Трипл Г се врати во рингот на одличен начин и го совлада Полјакот Камил Шеремета.

Казахстанскиот мајстор покажа дека се уште е добар во 38 година, испраќајќи го предизвикувачо во нокдаун четири пати. Мечот беше за појасот на ИБФ, а се одржа во Флорида, САД.

Светскиот шампион демонстрираше бокс од највисока класа и уште еднаш му ја фрли ракавицата на Сол Алварез-Канело.

Судијата беше принуден да ја прекине борбата по седмата рунда.

Головкин беше тотален мајстор на рингот и ја демонстрираше убавината во сите елементи на боксот. На моменти, неговите движења наликуваа на главниот лик во „Матрикс“. Благодарение на неговите брзи отстапувања и ескиважи, Генади испука само 59 удари!

Шеремета собра 228 и се покажа како многу тежок противник.

Коментаторите го отпишаа по двата нокдауни во првите две рунди, но Полјакот има многу силна глава и издржува борба.

Постојано беше бомбардиран со солидни серии, но не се предаваше до крајот.