Гокан Саки и УФЦ се разделија, највува враќање во кикбоксот

177

Легендата на кикбоксот Гокан Саки е ослободен од УФЦ. 37-годишниот ветеран потпиша со организацијата пред неколку години. Дебитираше на крајот на 2017 година и го нокаутира Енрике да Силва, заработувајќи бонус. Кон средината на 2018 година Саки се врати во октагонот УФЦ, но загуби со тежок нокаут од ХХХалил Раунтри.

На почетокот на 2019 година, Саки требаше да се бори со Сапарбек Сафаров, но се повлече поради повреда и вестите за него во УФЦ престанаа. Така, во ММА, Саки забележа 1 победа и 2 порази со нокаут.

Во последните неколку дена на социјалните мрежи тој навести дека може да се врати во кикбоксот, каде што имаше многу повеќе успех. Саки е поранешен шампион во К-1 и поранешен шампион на Глори во полутешка категорија. Во кик-бокс рингот забележа 81 победа и 16 порази.