Георгиевски против светскиот шампион Алба на Олимпијадата: Шампион се станува во големи битки, одиме до крај!

348

Нашиот таеквондо шампион Дејан Георгиевски на 27 јули во првото коло на олипискиот турнир во Токио ќе се сретне со актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба.

Алба е фаворит на хартија, но како што деновиве пишуваат и кубанските медиуми, нема да биде лесно Алба да се бори со човекот што го елиминираше актуелниот олимписки шампион.

„Можеби Алба е благ фаворит, тоа ќе биде така се додека не стапнеме на борилиште, тогаш е се подруго, ова се Олимписки игри, тука се најдобрите“, велат од нашиот табор и додаваат:

„Тука дојдовме да се бориме со најдобрите на светот, да ги победиме и одиме до крај. Свесни сме каде сме, но уште посвесни сме што сакаме. За Македонија, со цело срце до крај“!

Борбата ќе биде пренесувана во живо на МРТВ, во период од 14 до 16 часот. Точниот термин доплнително ќе биде утврден.

Факти за Георгиевски и Алба:

Дејан Георгиевски – МАКЕДОНИЈА

-2017 злато – Европско сениорско првенство

-2018 сребро – Медитерански игри

-2018 сребро – Европско клупско првенство

-2020 сребро – Европско сениорско првенство

Рафаел Алба – КУБА

-2013 злато – Светско сениорско првенство

-2015 бронза – Светско сениорско првенство

– 2019 злато – Светско сениорско првенство

-2019 сребро – Пан Американски игри