Гејтџи го фрли појасот – го сака вистинскиот на Хабиб, а Дагестанецот му порача: Те чекам, ќе се бориме…(ВИДЕО)

471

Во главната борба од УФЦ 249 во Џексонвил, Џастин Гејџи со технички нокаут во петтата рунда го победи Тони Фергусон, за жал пред празни трибини. Па, сега го чека вистинската борба за која долго сонувал против најдобриот во светот, Хабиб Нурмагомедов.

Гејџи го остави појасот на партерот, велејќи дека го интересира само вистинскиот и побара борба со Хабиб.

„Ме интересира само вистинскиот појас“, кратко објасни Гејџи за својот потег, а потоа се осврна на борбата што ја одработи импресивно:

„Знаев дека сум добар, дека сум вистински убиец и можам да го направам ова. Нема подобар лек од адреналин, а тој тече во моите вени. Сето тоа е плод на работа, а работам на тоа уште од четири години. Никогаш не сум го гледал на она што беше вчера, туку само се подготвував за тоа што ми следи“.

Веднаш по мечот се огласи и Нурмагомедов кој ја прифати следната борба со Џастин Гејтџи…

„Во овој спорт, посебно во оваа категорија каде секогаш ќе има „главни лавови“ кои ќе ви дишат зад врат, ако малку се опуштите тоа ќе биде вашиот крај. Едни заминуваат, други доаѓаат и тука нема ништо чудно. Нема да паднам. Ќе се бориме“ – му порача Хабиб на Гејџи.