Фросина Рајковска-херој на денот, златен медал на „Софија опен“

602

Фросина Рајковска блесна на Меѓународниот таеквонодо турнир „Софија опен“ од Г-1 серијата и освои златен медал во јуниорска конкренција -42кг. До златото Рајковска стигна со две победи.

Фросина прво славеше против претставничката на Србија 22-9, и во финалето со 12-5 славеше над натпреварувачката од Украина.

На овој силен меѓународен турнир учествуваа над 1000 натпреварувачи од над 50 држави во светот. Турнир носи бодови за ранг- листата за Олимписките игри.

Утре се борат сениорите Дејан Георгиевски (+87), кој има навистина тешка задача, бидејќи негови можни противници се светскиот шампион Сајат Марџијани од Иран, Словенецот Иван Трајковиќ, кој е втор во свет, како и Александар Бахман од Германија-светски медалист, па Чо Махама од Велика Британија, втор во светот.

Филип Додевски (-87 кг) ќе се сооочу Иван Сапина од Хрватска, трет во светот, Икардо Мигел од Бразил, исто така со сребрен медал од СП.

И Анамарија Георгиевска (-67 кг) и Филип Стаменов (-73 кг) имаат силна конкуренција.