Френсис Нгану: УФЦ треба да ја раздвижи тешката категорија

82

Фрeнсис Нгану е прилично збунет од односот на УФЦ и стагнацијата во тешка категорија.

Откако шампионот на УФЦ 230, Даниел Кормиер ја одбрани титулата против Дерик Луис, категоријата се движи со темпо на полжав, со само две борби за шампионската титула од 2018 година. Во меѓувреме, Френсис Нгану силно се зацврсти како претдизвикувач за титулата, победувајќи ја конкуренцијата.

Нгану често зборува негативно за ова прашање, дури во еден момент побара да биде ослободен од договорот со организацијата.

Во моментов Нгану е следниот предизвикувач за титулата, но горчината сè уште не поминала.

„Сè е толку комплицирано“, рече Нгану. „Во моментов сум во експанзија, а губам време без борба. Збунувачки.

Треба да имаме нешто што ќе не мотивира. Треба да заработиме пари. Мора да направиме нешто. Понекогаш, кога станувам наутро, тешко ми е да одам во теретана, затоа што ја немам таа мотивација. Тренирам, но за што? Кога ќе се борам? Не знам. Немате идеја за ништо и тешко е да најдете мотивација“.

Френсис Нгану последен пат се бореше во мај 2020 година, кога за 20 секунди го нокаутира Жаирзињо Розенструик. После таа борба, Стипе Миочиќ во август успешно ја одбрани титулата во тешка категорија против Даниел Кормиер на УФЦ 252. Ова беше единствениот меч за шампионската титула во тешка категорија во 2020 година. Истото беше и во 2019 година.

Затоа Нгану го повикува УФЦ да најде решение.

„Зборуваме за категорија во која се води една шампионска битка годишно, што во голема мера ја комплицира ситуацијата за претендентите. Сите чекаат на ред, но редот не се движи.

Мислам дека ако имаше три или четири шампионски борби годишно, сите ќе се бореа за титулата. Работите треба да се придвижат. Тешката е заглавена во моментот“.

Дана Вајт потврди дека Нгану е следниот противник на Стипе Миочиќ, а според непотврдени информации, се очекува да се борат во март.