Френсис Нгану пречекан како херој во Камерун (ВИДЕО)

100

Новиот шампион на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану, парадираше низ улиците на Камерун со титулата.

Нгану за прв пат стапна во татковината откако во март го нокаутира Стипе Миочиќ во втората рунда на УФЦ 260.

На видеото можете да видите како обезбедувањето и полицијата го придружуваат Нгану додека неговите обожаватели го бркаат по улиците.

34-годишниот борец има една од најпознатите вртоглави приказни и тешко патување до октагонот. Тој беше во затвор откако беше фатен како илегално ја преминува границата, некое време беше бездомник, но тоа не го спречи да го оствари својот сон да стане ММА борец.

Засега не е извесно кога ќе биде следната борба на Нгану. Сè насочува кон супер дуел со Џон Џонс, но преговорите меѓу „Коски“ и УФЦ не одат како што треба. Другата опција е да го видиме Нгану против Дерик Луис.