Форбс откри детали за примањата на Хабиб, заработувал по 300 илјади долари за говор

86

Руското издание на престижниот „Форбс“ состави список со најуспешните познати личности и спортисти под 40-годишна возраст, а непоразениот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов (28-0) се најде во самиот врв на тоа рангирање.

Според „Форбс“, ѕвездата на УФЦ заработила 16,5 милиони долари помеѓу 1 мај 2019 година и 30 април 2020 година. Од кои, според нивните информации, повеќе од 10 милиони во џебот на Хабиб завршиле за мечот во кој го совлада Дастин Пориер.

Форбс истакнува и дека рангирањето не било само под влијание на заработката, туку и од фактори како што се популарноста на социјалните мрежи и појавата во медиумите.

Во истиот извештај се вели дека Хабиб заработува најмалку 78,000 америкаснки долари каде што се појавува како говорник. А тоа, според неговиот менаџер Али Абделазиз, е погрешна информација. Тој тврди дека станува збор за околу 300.000 американски долари на ден.

Дел од заработката на Хабиб произлегува и од неговите спонзорски договори што вклучуваат работа со компании како „Рибок“, „Тојота“, „Горила енергетски пијалок“ и „Алахдаје“ (компанија која продава масло од црн ким).

Да споменеме и дека шампионот на УФЦ на оваа листа ги остави зад себе НХЛ ѕвездите Александар Овечкин, Евгениј Малкин и Артеми Панарин, како и многу други познати личности од руската сцена.