Филип Додевски беше многу близу до сензација за македонскиот спорт, но повредата го оддалечи од ОИ (ВИДЕО)

206

Европските олимписки таеквондо квалификации во Софија и донесоа многу радост на македонската спортска јаност со директниот пласман на Дејан Георгиевски на Олмписките игри во Токио ова лето. Се чини дека Македонија никогаш не била поблиску до историско спортско чудо, двајца спористи од ист спорт да обезбедат олимписки норми. Филип Додевски беше на дофат на подвигот на кариерата, односно да не се случеше повредата во дуелот со светскиот првак Симоне Алесио можеби ќе радувавме на уште една олмписка виза.

Имено, македонскиот таеквондист во категорија -80 кг на минута до крајот при водство од 9-8 упатув удар со рака и се здобива со скршеница на шаката и при таква неподнослива болка тој достоинствено ја продолжува борбата до крајот и губи 10-9.

Симоне Алесио до крајот на турнирот за обезбедување олимписка норма фуриозно победи уште две борби со над 20 поени разлика.

„Многу веројатно оваа повреда на Филип Додевски не одалечи од уште една историска олимписка норма, но станува збор за премногу млад репрезентативец за кој слободно може да се каже дека веќе е дел од елитното светско таеквондо.

Она што сега е најважно е тоа дека Филип Додевски одлично се чуствува, голема благодарност до хирургот Небојша Настов за одлично спроведената операција“, велат од Македонската таеквондо репрезентација.

Погледнете ја бборбата на овој ЛИНК