Фил де Фрис ќе ја брани титулата во тешка категорија во КСВ против Августо Сакаи. Тие ќе се борат на главниот настан на КСВ 95, кој ќе се одржи на 7-ми јуни во Полска.
Де Фрис има скор од 24-6-1 во ММА и е во серија од 12 победи. Тој е шампион на КСВ веќе 6 години и има 9 последователни златни одбрани, што е рекорд во лигата. Фил заврши 20 од неговите борби и беше нокаутиран 5 пати. Се уште е непоразен во КСВ и нема пораз од 2017 година. Во 2013 година се бореше за УФЦ, но беше ослободен откако имаше слаби перформанси.
Сакаи има скор 16-5-1 во ММА. Во неговата последна битка го победи Дон Теил Мејс кон крајот на февруари 2023 година. Оваа победа ја прекина неговата серија од 4 порази во УФЦ, кои решија да се разделат со него. Августо победи 15 пати со нокаут и загуби 4 пати со нокаут. Борбата ќе биде негово деби во полската организација.
View this post on Instagram