Фигередо и Морено повторно во акција, реваншот е на 12 јуни

77

Договорен е реванш меѓу Бразилецот Деивсон Фигередо (20-1-1) и Мексиканецот Брендон Морено (18-5-2), кои се бореа пред нешто повеќе од два месеци. Двајца врвни борци понудија вистински спектакл во пет рунди на УФЦ 256, кој заврши нерешено.

Нивната борба беше избрана за меч на вечерта, а тоа беше еден од најдобрите судири минатата година. Така, бразилскиот борец ќе го брани појасот на шампион во мува категорија против Морено, по втор пат во рок од половина година.

Нивната борба е закажана за УФЦ 263 што ќе се одржи на 12 јуни.

И двајцата не загубија во последните шест настапи. Деивсон Фигередо ја доби последната победа на 21 ноември минатата година на УФЦ 255 против Алекс Перез, додека Брендон Морено го победи Брендон Ројвал на истиот настан.