Федор Емилијаненко: Во добра физичка форма сум

134

Федор Емелијаненко почна напорно да тренира и тврди дека е во добра физичка форма. 44-годишниот ветеран пред неколку недели се избори со коронавирусот.

Последниот император се подготвува да се врати во Белатор, каде што ќе има уште неколку борби и ќе се повлече од спортот. Емелијаненко има учинок 39-6-1 во ММА и последен пат го нокаутира Квинтон Џексон во 2019 година во Јапонија.

Легендарниот борец заврши 30 од своите ривали и беше без пораз во тешка категорија 10 години. Тој врза серија од 27 последователни победи и засекогаш го зацементира своето име во историјата на боречките вештини.

Сега Федор се подготвува да ја затвори страницата за боречките вештини од неговиот живот и се оддава на подготовки.

„Сега сум во добра форма. Не можам да кажам дека е прекрасно, но среќен сум. Моите девојчиња малку ме притиснаа и ми рекоа дека сум дебел.

Сфатив дека се здебелив и малку ја ограничив храната. Го зголемив товарот и започнав да тренирам со момчињата. Сега сум во добра форма“, вели Емилијаненко.