Федор Емилијаненко сака реванш со Мет Митрион

225

Големата легенда на ММА, Фeдор Емелијаненко е подготвена да се врати во кафезот na Белатор. 44-годишниот Русин е во добра форма и сака да се бори налето, но Скот Кокер продолжува да инсистира Фeдор да се бори пред полни трибини.

За жал, ова не е можно, бидејќи сè уште има многу ограничувања поврзани со Ковид-19. „Последниот император“ последен пат го видовме во кафезот во декември 2019 година. Се бореше со Кинтон Џексон во Јапонија и го победи со нокаут во првата рунда.

Под знамето на Белатор, Емелијаненко забележа 3 победи и 2 порази од Рајан Бадер и Мет Митрион. Не е познато точно кога повторно ќе го видиме, но тој би сакал да им врати и на двајцата кои го победаа.

„Не знам кога ќе се борам. Гледате какво време дојде. Во добра форма сум и сакам да се борам, но нема ништо конкретно. Можеби налето. Настаните на Белатор во моментов се затворени, но Скот Кокер ме замолува да се борам пред публиа. Разбирам дека треба да ги земам предвид желбите на лигата, имаме добар дијалог и ги земаме предвид желбите на едни со други.

Битка со Вердум? Кокер ме праша за неа и јас му реков дека сум позитивен за таа борба. Имаше напади врз мене од него или од неговите роднини. Ги прашав луѓето во Белатор, зошто го прават тоа, ми рекоа дека не сум сакам да се борам со него.

Организацијата рече дека тој не сака да потпише со нив и разбрав дека едноставно зборува залудно. Сакам повторно да се борам со Бадер. Изгледа дека не може да биде борба помеѓу мене и Барнет, иако имаме приказна. Немам ништо против Мет Митрион, би било интересно да се направи реванш“, изјави Федор за руските медиуми.