Федерацијата за пеливанско борење на Македонија го одржа годишното Собрание

164

Федерацијата за пеливанско борење на Македонија го одржа редовното годишно Собрание во Скопје на кое присуствуваше и заменик директорот на Агенција за млади и спорт Авни Рустеми.

Од Федерацијата за пеливанското борење, на заменик директорот Рустеми му беше доделена плакета за соработката и за подготвеноста што е покажана за поддршката на спортот, а особено за пеливанското борење.

Тој беше информиран за настаните на Федерацијата и за предизвиците со кои се соочиле за да преживее оваа спортска дисциплина.

Рустеми, заблагодарувајќи се на претседателството на Федерацијата и боречките клубови, истакна дека е многу среќен со фактот што сè уште има клубови кои го одржуваат овој спорт во живот.