Фјури: Вајлдер знае дека не може да ме победи

123

Тајсон Фјури, кој е актуелен светски шампион во тешка категорија на ВБЦ, покажа сигурност и доверба во победата на третиот меч со Дионтеј Вајлдер.

„Се надевам дека Вајлдер ќе направи многу повеќе во рингот отколку минатиот пат. Тоа беше еднострано тепање, но ги сакам вистинските предизвици.

Не очекував дека ќе прифати трета битка, но ми докажа дека не сум во право. Или е мазохист или само доаѓа за парите. Затоа што знае дека не може да победи. Барем за него, оваа борба ќе заврши побрзо. Овој пат нема да издржи седум рунди“, изјави Фјури за „Дејли мејл“.

Потсетуваме, Вајлдер ја загуби светската титула во вториот меч со Тајсон Фјури, кој се одржа на 22 февруари 2020 година. Првата средба не даде победник и заврши нерешено.

Третиот судир меѓу нив е закажан на 24 јули во Лас Вегас, Невада.

Дионтеј Вајлдер има скор од 42 победи, 1 нерешен резултат (во првиот судир со Тајсон Фјури) и 1 пораз (од Фјури – на вториот меч за титулата на ВБЦ). Тој има 41 победа со нокаут.

Тајсон Фјури има биланс од 30 победи и само 1 нерешен резултат на професионалната боксерска сцена. Тој, како и Вајлдер, не влегол во рингот од вториот меѓусебен меч.