Фјури: Прв пат кога ќе го погодам Џошуа повторно ќе заигра во рингот како Бамби

110

Боксерскиот свет веќе некое време се надева дека ќе го добие неприкосновениот светски шампион во тешка категорија, прв по Ленокс Луис.

Во моментов, појасите на најголемите федерации ги држат Британците Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Постојат планови за нивен дуел следната година, но и двајцата веќе имаат обврски – Фјури трета борба со Дионтеј Вајлдер и Џошуа меч со задолжителниот предизвикувач на ИБФ, Кубрат Пулев.

Фјури вели дека стилот на Џошуа е скроен за него.

„Стилот на ЕЏ/АJ е скроен за мене. Исдправен, оди напред, класична одбрана“, рече Фјури за Скај спорт.

„Моќен и силен, но без работа на нозете, покрај тоа тешко дава отпор кога ќе се најде во неволја и се однесува малку кукавички кога ќе добие силен удар. Ќе го нокаутирам во првите две-три рунди. Прв пат кога ќе го погодам нозете ќе му заиграат. Ќе скокнам на него како оној дебелкото (Енди Руиз). Ќе ви кажам каков тост ќе биде. Да ви кажам? Лево кроше во слепоочмата коска и пак ќе заигра како Бамби во рингот“.

„Еди Херн, како и обично, издувува многу топол воздух без да каже нешто. Веќе некое време му нудам борба на Џошуа. Се обидувам да ја договорам таа борба последните пет години, а воопшто не бев близу до тоа. Еди е промотор на Џошуа, така што ќе мора да разговара со мојот за да дојде до неа, да им го дадеме на навивачите она што го сакаат и да престанат да бегаат од најголемата борба уште од онаа меѓу Ленокс Луис и Френк Бруно “.