Фјури со порака до Вајт на подолго време да заборави на борбата за појасот на ВБЦ

82

Тајсон Фјури му порача на Дилиeн Вајт да не се надева дека ќе се бори за титулата во тешка категорија во скоро време.

Јамајканецот помина две години на првото место на ранг листата на предизвикувачи на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), а потоа ја освои титулата привремен шампион со победа против Оскар Ривас, така дојде до позицијата задолжителен предизвикувач.

Но, се уште не дојде до борба за титулата, а федерацијата со седиште во Мексико Сити го инсталира Фјури на негово место како задолжителен предизвикувач, кој потоа со прекин го совлада Дионтеј Вајлдер.

Актуелниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури веќе договори трет меч со поранешниот шампион Вајлдер кој би требало да се одражи до крајот на годината.

Ако успешно ја одбрани титулата, непоразениот „Крал на Ромите“ потоа сака да оди во борба за неоспорн светски шампион. Останатите појаси во моментов ги држи Ентони Џошуа, кого го чека борба со Кубрат Пулев.

Вајт прати порака преку Твитер: Ајде Тајсон, ми го украде местото на задолжителен предизвикувач. Дали си крал или кукавица како Дионтеј Вајлдер? Ајде да се бориме, јас сум подготвен. Одиме”.

Фјури му порача да не се надева дека наскоро ќе се бори за зелениот појас.

„Интересно е како сите сакаат да се борат за време на пандемија на коронавирус кога нема спортски настани. Покрај тоа, прво имам потпишан договор за борба против Дионтеј Вајлдер, а кога ќе победам тогаш ќе се борам со Џошуа. Борбата за неоспорен шампион доаѓа пред борбата со задолжителниот предизвикувач, така што – среќен лов“.

Правилата на ВБЦ за ситуацијата со задолжителниот предизвикувач и борбата за неоспорен шампион го кажуваат следното:

„Во случај на посебни околности, кои вклучуваат елитен предизвикувач, шампион на друга организација, меч или турнир за кој ВБЦ одлучува дали е во најдобар интерес за боксот или којабило друга посебна околност, ВБЦ може да нареди или одобри којабило борба како доброволна или задолжителна одбрана на титулата и може да се одржи пред којабило порано одредена задолжителна одбрана на титулата“.