Фјури до Џошуа: Ако издржиш три рунди – ќе ја предадам борбата

167

Тајсон Фјури е нестрплив да се врати во рингот и да ги одмери силите со Ентони Џошуа во борба за обединување на сите четири најголеми појаси во тешка категорија во бокс. 

 Џошуа поседува дури три светски шампионски појаси, а Фјури го има појасот во ВБЦ верзијата што го зема од Деонтеј Вајлдер. Долго време траат преговорите помеѓу двата табори, но Фјури го обвинува својот сонародник дека оддолговлекува, но и дека се плаши.

На социјалните мрежи, популарниот „џипси кинг“ го изнавреди Џошуа и уште еднаш го предизвика да се сретнат во рингот.

„Додека сум во афект, ќе предизвикам уште една личност. Големиот боксерски клошар и личност која не е вистински боксер туку е резултат на фама, класичен бодибилдер, крос-фитер и и гаден с**ко. Тоа е Ентони Џошуа“, рече Фјури.

„Ако си таму, јави се, ајде да ја договориме таа борба пропалицо. Ќе ти ја скршам фацата и ти не можеш да направиш ништо тоа да не се случи. Ајде ако можеш разубедиме дека не е така. Јас сум број 1 и ти тоа многу добро го знаеш. Размислував, ако издржиш со мене три рунди, ќе одам во мојот агол и ќе ја предадам борбата. Толку многу сум самоуверен дека ќе ја решам борбата во првите две или евентуални три рунди. Ќе ги го угаснам светлото“, заврши Англичанецот.