Европските квалификации за Игрите во Токио ќе се одржат од 4 до 8 јуни

167

Европските квалификации во бокс за Олимписките игри во Токио продолжуваат од 4 до 8 јуни, а местото на одржување ќе биде одредено на 1 март.

Квалификациите започнаа минатата година во Лондон и требаше да се одржат од 13 до 20 март, но три дена подоцна натпреварот беше прекинат поради пандемија на коронавирус. Сите резултати од турнирот во Лондон се валидни, а натпреварувањето продолжува таму каде што застана.

Светската боксерска федерација објави дека е откажан турнирот на кој требаше да настапат борците од целиот свет кои не освоиле олимписка виза на континенталните турнири.

Слободните места на олимпискиот турнир ќе ги пополнат натпреварувачи според ранг-листата, која наскоро треба да добие објаснување.