Европска шампионка во џудо претепана од момчето, со унаказено лице (ФОТО)

262

Французинката Марго Пино, која во 2020 година беше европски шампион во џудо, доби брутален ќотек минатиот викенд од страна на нејзиното момче и тренер Алан Шмит.

Шмит требало да ја преземе репрезентацијата на Израел, но договорот беше прекинат откако тренерот заврши во полиција поради нападот.

Шампионката на Инстаграм објави фотографија од унаказеното лице и опиша што се случувало минатиот викенд.

„Во неделата бев нападната од страна на својот партнер и тренер. Најпрво ме пцуеше, а потоа ме удираше со боксови во главата. Лежев на подот, мислев дека ќе умрам. Успеав некако да побегнам, а соседите викнаа полиција. Морам да мирувам 10 дена поради повреда“, кажа Пино.

Шмит во меѓувреме бил ослободен од полиција и од обвинувањата за физички напад на неговата избраничка.

„Не можам да верувам, зарем крвта во мојот стан не беше доволна? Што требаше да се случи за да го осудат“, прашува таа.