Ентони Џошуа: Тајсон Фјури е само уште еден противник (ВИДЕО)

133

Боксерската суперѕвездата Ентони Џошуа го коментира потенцијалниот меч со сонародникот Тајсон Фјури. Е.Џ. изјави за „ТВ Фајт хип“, дека на „Кралот на Ромите“ гледа „само како на друг ривал“.

„Тука сум за да направам историја. Гладен сум за победа. На крајот на краиштата, Фјури е само уште еден противник. Ќе биде одличен меч, но морам да бидам смирен и да го гледам Фјури само како уште еден борец. Спектаклот, зборувањето… нема трпение за тој меч!“, одговори светскиот шампион на прашањето за борбата со Тајсон Фјури.

Џошуа на борбите се врати на мечот со Енди Руиз и го посочи како пример за тоа како еден шампион може да изгуби сè. Токму поради грешките од минатото, ЕЏ е непоколеблив дека ќе видиме негова подобра верзија.

„Чувствував како е да си на врвот и како е да паднеш од него. Повторно се искачив на врвот и секој што ќе се сретне со мене, нема да се предадам. Кога ќе се борам со Пулев и Фјури и двајцата ќе видат какво се чувството како да се соочат со човек кој поминал низ такви тешкотии и си вратил сè“, додаде Британецот.

Џошуа не сакаше да коментира за тоа каков човек е Тајсон Фјури, затоа што не го интересира тоа.

„Со целосна почит, не ме интересира ништо друго за Фјури, освен кога ќе се бориме“, рече златниот медалист од Олимпијадата во Лондон во 2012 година.