Ентони Јард се врати со молскавичен нокаут (ВИДЕО)

158

Британецот Ентони Јард се загреа за претстојниот реванш со Линдон Артур со експресна победа на гала вечерта организирана од Френк Ворен во Бирмингем, Велика Британија.

Поранешниот предизвикувач во полутешка категорија го совлада Колумбиецот Алекс Теран, нокаутирајќи го во првата рунда. Разликата во класи беше повеќе од очигледна, а 30-годишниот Јард немаше апсолутно никакви тешкотии.

Британецот двапати го собори противникот со лево кроше во телото. Првиот пат Теран стана пред да му избројат до 10, но за кратко време сцената се повтори и овој пат заврши се за Колумбиецот.

Тоа беше прв меч на Јард од декември минатата година, кога загуби од Линдон Артур. Двајцата Британци ќе се соочат на 9 октомври.