Емил Павлов најдобар спортист а Сашко Арсовски најдобар тренер на Штип за 2020 година

340

Комисијата за спорт на Советот на Општина Штип ги предложи најдобрите спортисти за  2020 година, а тоа се каратистите Емил Павлов и Жарко Арсовски, на трета позиција се борачот и самбист Бобан Данов и кик боксерката Слободанка Стефановска.

За тренер годината е предложен тренерот на КК Штип и селектор на македонската карате репрезантација Сашко Арсовски.

Најдобри младинци се Фадил Назифов – борење, Никола Нацев – кик бокс, Мила Вакувска – одбојка.

Најнадежен спортист Димитри Радев – џиу џицу.

Во кадетска конкуренција се предложени Стефан Штерјов и Ненад Панов – борење и Данил Николиски – џиу џицу.

Во пионерска конкуренција Андреј Трајчев – борење, Јован Атанасов – борење и Јована Панева – карате – КК Македонка. Тројцата ќе добијат признанија.

Во оваа конкуренција, без редослед, заради стимулирање на најмладите, се  прогласени и Јован Николиски – џиу џицу, Џем Пашов – КК Штип, Ива  Колева – ЖЖК Тим Арена, Вероника Зашевска – Челични, Јован Данилов – Гладијатор, Стефан Антониев – Брегалница.

Судија на годината Никола Мицевски, кој судеше на ЕП во Италија во одбојка за млади, Училитшен спорт – Ангелчо Рунчев, Методи Самарџиски, најдобар клуб КК Штип.

Спортски работник на годината Марија Гогова и Мијллче Маџаров. За придонес во развојот на спортот Маја Ашкилова. Новинар Зоран Ристовски.

Призананијата  на најдобрите ќе им бидат врачени на 28 јануари во 18 часот во Собранието на опшината со почитување на сите здравствени протоколи, без присуство на публика, освен на  спортистите и членовите на Комисијата и градоначалникот.