Емил Павлов ќе се бори за бронза на Премиер лигата во Истанбул, Идризи дебитираше со две победи

326

Емил Павлов во недела ќе се бори за бронза на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција.

Тој денеска извојува три победи, а за влез во финалето загуби од Фирдовси Ферзалеив од Азербејџан со 2-5. За бронзата ќе се бори со Каизар Алписбаир од Казахстан.

Денеска добар впечаток остави и Абдурахим Идризи во дебитантскиот настап во Премиер лигата извојувајќи две победи. Штета, што на Идризи му избега полуфиналето. Според известувањата од Истанбул, прикажал многу атрактивни борби, посебно онаа во четвртфиналето, му фалела мала помош од клупата.

По едногодишна пауза во Истанбул настапуваат 618 натпреварувачи од 69 држави, односно 280 клуба, а Македонија ќе ја претставуваат 16 каратисти.

Резултати:

-60 кг
Емил Павлов – Аминга Гулијев (Азербејџан) 3-0
Емил Павлов – Аеф Гаит (Јордан) 3-2
Емил Павлов – Матијас Гомез (Шпанија) 8-3
Полуфинале
Емил Павлов – Фирдовси Ферзалеив (Азербејџан) 2-5
За бронза
Емил Павлов – Каизар Алписбаир (Казахстан)

Абдурахим Идризи – Султан Хусеинов (Азербејџан) 9-1
Абдурахим Идризи – Ада Огузан (Турција) 0-0
Абдурахим Идризи – Садридин Сајматов (Узбекистан) 4-8

Вахик Весели – Бурак Оздемир (Турција) 1-3

67 кг
Марио Свинарски – Владислав Талдикин (Русија) 0-0

Кати
Пуликсенија Јованоска е 13-та