Еди Шерифовски не ја помина првата пречка на ЕП во џудо за јуниори

172

Денеска Еди Шерифовски (81 кг) се сретна со холандскиот џудист Марк ван Дијк на Европскоторвенство за јуниори што се одржува во Пореч, Хрватска, и беше поразен со вазари и ипон.

Да посетиме дека вчера Резарт Хусени и Хамза Јашари во категоријата до 66 килограми исто така загубија во првото коло.

Сепак, мора да нагласиме дека нашите репрезентативци немаа соодветни услови за подготовки поради ковид пандемијата, за разлика од повеќе држави каде што беше дозволено тренирање и натпреварување.

Резултати
66 кг
Резарт Хусени – Мухамед Демирел (Турција) пораз со вазари и ипон
Хамза Јашари – Лука Капанадѕе (Грузија) пораз со ипон

81 кг
Еди Шерифовски – Марк ван Дијк (Холандија) пораз со вазари и ипон

Ipon.mk