Еди Херн: Барам алтернативни дати за Џошуа – Пулев

79

Промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн, призна дека мечот на неговиот клиент со бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев, најверојатно, нема да се одржи според на планот поради светската пандемија со Ковид-19. Средбата беше закажана за 20 јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон, но сега се бараат алтернативни датуми.

„Сè уште бараме алтернативни датуми за мечот, но засега не можам да кажам ништо конкретно. Во преговори сме со Тотенхем, затоа што ако сезоната во Премиер лигата продолжи, тоа ќе бара преместување. Датумот е 25 јули. Се чини дека е реален. Пет недели по првичниот датум. Сепак, засега, не се ангажирам со ништо и не доставив официјални податоци за локацијата и деталите поврзани со нив“, рече Херн.