Двајца борачи од Мароко исчезнале во Србија!

214

Пред неколку дена мистериозно исчезнаа боксери од Конго, кои во Србија пристигнаа да се натпреваруваат на Светското првенство, а сега полицијата ќе си има работа со нов случај.

Двајца борачи од Мароко биле пријавени за натпреварувањето на Светското првенство во броење до 23 години, кое се одржуваше во Белград од 1 до 7 ноември, но трагата им се изгубила по слетувањето во Белград.

„Двајцата млади спортисти од Мароко ја искористиле шансата за учество на Светското првенство во Србија и илегално ја напуштиле земјата“, објави претседателот на федерацијата на Мароко, Фуад Мескут.

Првиот човек на федерацијата обвини и дека зад бегството на двајцата борци во Србија стои криминална мрежа која им помага на мигрантите.