Доналд Трамп ги фали Абделазиз, Сехудо, Гејџи и Ковингтон (ВИДЕО)

51

Американскиот претседател Доналд Трамп е дефинитивно голем љубител на УФЦ.

Минатиот викенд, Трамп одржа митинг во затворен простор во Хендерсон, Невада, како дел од неговата кампања за претседателските избори во САД во ноември. Тој пофали неколку специјални гости, вклучувајќи го и претседателот на УФЦ, Дана Вајт и некои од неговите борци кои седеа до него.

Дана со себе ги имаше земено поранешниот двоен шампион Хенри Сехудо, Колби Ковингтон, Џастин Гејџи и Али Абделазиз, кој е меѓу најдобрите менаџери во ММА. Абделазиз има прилично сомнително минато поврзано со службите, но тоа не го спречи Трамп да го пофали.

Доналд Трамп за Дана Вајт, Али Абделазиз и УФЦ ММА борците кои присуствуваа на приемот во Невада рече:

„Дана Вајт е многу паметна и цврста личност. Ние сме пријатели многу години. Вајт ги сака своите борци и се грижи за нив. Дојде со некои од нив и тие се најдобри.

Јас сум голем фан на Колби и ќе го гледам викендов. Тој е победник, шампион и ќе биде голема борба. Го гледам многу и му посакувам успех.

Џастин Гејџи ми рече дека ќе го нокаутира противникот. Битката е пред изборите, но ќе ја гледаме. Мислам дека ќе го гледам. Ќе биде неверојатна борба. Верувај.

Али Абделазиз, нели? Тој е голем човек и еден од најдобрите.

Меѓу нас има уште еден голем шампион и тој е Хенри Сехудо. Хенри, те молам застани. Освоивте две титули во две категории, нели? Не се занесувај со овој човек“.

https://www.instagram.com/p/CFHTqMrhHsp/?utm_source=ig_embed