Добри вести – Љубиша Пешко пуштен од болница

393

Пристигнаа добри вести од Шведска, борачкиот стручњак Љубиша Пешко пуштен во болница и оди во домашна самоизолација. Тој беше хоспитализран поради симптоми на коронавирус.

Тој вели дека добро се чувствува и во втората најдобра болница во Шведска му посветиле внимание и затоа брзо закрепнал. Им се заблагодарува на лекарите и на персоналот за љубезноста и вниманието што му го посветиле и на оние што му давале поддршка од секаде на светот.

„Чувајте се сите, карантин и самоизолација, не си играјте со овој боен отров,  насекаде во воздухот го има“,  им порачува Пешко на сите граѓани на Македонија, затоа што не сака никој да помине низ маките што ги претрпел тој.