Добри борби на Мила Рељиќ на ЕП во таеквондо за У-21 година во Естонија

499

Мила Рељиќ вчера имаше добар настап на Европското таеквондо првенство до 21 година во Талин, Естонија.

Во првото коло направи одлична борба против претставничка на светската велесила Русија и ја победи со 9-5. Иако прва поведе русинката Вероника Козлова, Мила резултатот од 0-1 го претвори во 9-1, за на крај тактички ја водеше борбата да го сочува водството и налетите на русинката.

Во второто коло одлична борба направи со Луција Домиќ од најдобриот хрватски клуб Марјан од Сплит, при што беше тесно поразена“, вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов.