Добар дебитантски настап на Враклески и Стојчевски на Карате 1 Младинската лига во Пореч (ФОТО)

797

На Карате 1 Mалдинската лига на ВКФ во Пореч, настапија неколку наши каратисти, а Јован Враклески и Андреј Стојчевски од КК Кизаме од Скопје оставија силен впечаток со борбите што ги прикажаа во репасажот. Јован загуби во борбата за бронзен медал и во вкупниот пласман е петти, на Андреј му фалеше една победа за да се бори за бронзениот медал.

Сепак, ова е големо искуство за нив Младинската лига на ВКФ каде што учествуваат 1540 натпреварувачи од 50 држави во светот.

„Денеска нашите каратисти дебитираа на Светската лига за млади и сме презадоволни од нивните борби за малку ни избега медал“, вели тренерот Дејан Ристевски и додава:

„Јован Врклевски е петти од 33 натпреварувачи со три победи над каратисти од Италија, Романија и Италија, како и пораз од Украинец и уште еден во борбата за медал од украински каратист. Да потсетиме дека Јован има 12 години и беше најмал во категоријата“.

„Андреј Стојчевски е седми од 43 натпреварувачи со две победи над натпреварувачи од Полска и Украина и два порази од Италија и Црна Гора“, истакнува Ристевски.

Резултати

Јуниори
-59 кг
Магдалена Божиновска – Анхелина Седлиар (Украина)

-61 кг
Бојан Костов – Бартош Војциечовски (Полска)

-76 кг
Андреј Анеловски – Иван Прушина (Хрватска)

+76 кг
Антонио Додиќ – Рикардо Барсенело (Италија)

Кадети
-47 кг
Ива Пецевска – Алис Дамато (Италија) 1-1
Ива Пецевска – Ирна Мујановиќ (БиХ) 8-11

-54 кг
Марија Бунтеска – Теодора Цанева (Бугарија) 0-8                          
Михаела Мишовска – Ана Менцел (Австрија) 1-9

-57 кг
Матеј Белистојаноски – Паул Богер (Германија)      

У-14
-40 кг
Јован Врклевски – Пјетро Ториси (Италија) 1-0
Јован Врклевски – Шери Станков (Украина) 1-9
Репасаж
Јован Врклевски – Стојан Денис (Романија) 0-0
Јован Врклевски – Јакопо Сити (Италија) 4-2
За бронза
Јован Врклевски – Максим Виечанков (Украина) 1-7

+55 кг
Андреј Стојчевски – Алвисе Тонило (Италија) 2-8
Репасаж
Андреј Стојчевски – Тимофил Серхиев (Полска) 3-0
Андреј Стојчевски – Михаило Прокопенко (Украина) 2-1
Андреј Стојчевски – Ненад Џуричиќ (Црна Гора) 2-5