Дионтеј Вајлдер: Сакам да си ја вратам титулата со крв

140

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер тренира со полна пареа. 35-годишниот Американец си ја поврати мотивацијата и сподели видео на социјалните мрежи од неговиот тренинг. „Бронзениот бомбардер“ изјави дека повеќе нема да зборува и ја сака титулата со крв.

На почетокот на минатата година, Вајлдер го загуби непоразениот статус. Тој беше нокаутиран од Тајсон Фјури во Лас Вегас и се раздели со титулата. Вајлдер немаше пораз 12 години и постави рекорд во боксот со 42-1-1, од кои 41 со нокаут.

Многу луѓе го отпишаа Дионтеј, кој е меѓу најголемите удирачи во историјата на боксот. Фјури во моментов разговара со Ентони Џошуа, а Вајлдер ќе мора да им се врати на победите за да има реванш.

„Нема повеќе зборување. Сакам да си ја врати титулата со крв“,напиша Вајлдер на социјалните мрежи.