Дилиен Вајт: Сакам да го нокаутирам Поветкин и да се борам за светската титула

58

Дилиен Вајт со нетрпение го очекува реваншот со Александар Поветкин. Англискиот боксер рече дека неговата цел е пресметка за светска титула во тешка категорија, а тоа може да стане реалност, ако го победи „Рускиот витез“.

„Сакам да се борам за светската титула откако ќе го победам Поветкин. Сакам повторно да бидам предизвикувач. Од тоа ме дели една борба. Имам намера да го вратам „Дијамантскиот појас“ и да му се реванширам ​​за поразот. Сакам да го нокаутирам Поветкин“, самоуверено рече Вајт.

Да потсетиме, Поветкин го нокаутира Вајт во првиот судир меѓу нив, кој се случи на 22 август на тренинг кампот на „Метчрум“ во Брентвуд, Англија.

„Секој пат кога ќе го допрев Поветкин во првата борба, тој се тресеше, но не го удрив силно. Знаете што се случува со овие момци кога удирам силно. Се е во ред. Треба да направам некои прилагодувања. Понекогаш по пораз, може да станеш подобар како личност и боксер“, заклучи Вајт.

Вториот судир меѓу Поветкин и Вајт требаше да се случи денес, но нивниот дуел беше одложен за 2021 година поради состојбата на Русинот. Потсетуваме, на највисоко рангираниот руски боксер во тешка категорија во професионалниот бокс пред неколку дена му беше дијагностициран Ковид-19. Подоцна бил испратен во самоизоалција во московска клиника за лекување. „Рускиот витез“ е веќе подобар и се очекува тој и Вајт да боксираат на почетокот на следната година.