Дерн испиша историја во женското ММА на УФЦ

80

Мекензи Дерн (9-1 ММА, 4-1 УФЦ) беше најголема фаворитка во борбата против Хана Сиферс (10-6 ММА, 2-4 УФЦ) во сламка категорија, од целата фајт со карта на гала вечерта на УФЦ Фајт најт 176 и ги исполни очекувањата со победа во првата рунда.

Сепак, разврската не дојде точно според претпоставките на обложувалниците и гледачите, затоа што Сиферс влезе рано во клинч и многу добро ја обработуваше противничката со колена и аперкати. Меѓутоа, кога се ослободија од клнчот беше очигледно мајсторството во бразилско џиу џицу на Дерн.

Сиферс направи грешка со пренесувањето на борбата во партер и се обиде со граунд енд паунд да ја заспие, но наместо тоа Дерн покажа еластичност и и ја зграпчи левата нога. Следеше бескомпромисен клуч, а Сиферс можеаше само да се предаде, пред да се фати за главата во недоумица – првиот женски клуч во историјата на УФЦ!

УФЦ на ЕСПН 9
Гилберт Барнс – Тајрон Вудли, едногласна одлука на судиите (50-45, 50-44 x2)
Августо Сакаи – Благој Иванов, поделена одлука на судиите (27-30, 29-28 x2)
Били Карантило – Спајк Карлајл, едногласна одлука на судиите (29-28 x3)
Рузвелт Робертс – Брок Вејвер, давење од позади (Р2, 3:26)
Мекензи Дерн – Хана Сиферс, колена (Р1, 2:36)

Воведни борби
Катлин Чокагијан – Антонина Шевченко едногласна одлука на судиите (30-25 х3)
Даниел Родригез -Габриел Грин едногласна одлука на судиите (30-27 x3)
Џамахал Хил – Клидсон Абро, ТКО (Р1, 1:51)
Брендон Ровал – Тим Елиот,  давење со рачен триаголник (Р2, 3:18)
Кејси Кени – Луис Смолка, гилотина (Р1, 3:03)
Крис Гутиерес – Винс Моралес, ТКО (Р2, 4:27)