Дерек Брансон го ноуатира Едмен Шахбазјан (ВИДЕО)

44

Искусниот ветеран Дерек Брансон го совлада младиот Едмен Шахбазјан со прекин во третата рунда во главната борба на УФЦ на Вегас 5 во Лас Вегас.

Нивната средба беше во средна категорија, а 22-годишниот Американец со ерменско потекло немаше пораз во ММА и веруваше дека ќе го собори рекордот на Џон Џонс и ќе стане најмладиот шампион во историјата на УФЦ.

На почетокот на мечот Шахбазјан успеа да го погоди Брансон со тешки удари, но Дерек ја скрати дистанцата и ја префрли битката на партер. Во првата рунда имаше многу размени на удари и останавме со впечаток дека Шахбазјан настапи подобро и ја освои. Во втората Едман зададе силен ножен удар и го повреди Дерек, кој повторно го собори противникот, но Едмен се исправи. Дерек повторно ја префрли борбата на партер, каде постигна тежок граунд и паунд и беше близу до победа на мечот, но сирената го спаси младото момче.

https://www.instagram.com/p/CDXyS0ggCvY/?utm_source=ig_embed

За време на паузата доктор влезе во кафезот за да го прегледа Шахбазјан и му дозволил да продолжи во третат рунда. Брансон зададе неколку удари, а потоа го сруши Шахбазјан и го опсипа со удари, а Херб Дин виде доволно и го спаси младото момче со тоа што ја запре борбата на почетокот на рундата.

Со оваа победа, Дерек влезе во серија од три последователни победи во УФЦ. Шахбазјан го доживеа првиот пораз во ММА, со што ја прекина серијата од 11 победи.

Резултати:
Дерек Брунсон го победи Едмен Шахбазијан од ТКО 3, 0:26
Џенифер Маја го победи Џоан Калдервуд со завршница 1, 4:29
Висенте Луке го победи Ренди Браун од КО 2, 4:56
Боби Грин со одлука го победи Ландо Ваната (30-26, 30-27, 30-27)

Прелиминарни:
Џонатан Мартинез го победи Френки Саенц со ТКО 3, 0:57
Нејт Менес со одлука го победи Џони Муњоз (29-27, 29-27, 29-27)
Џамал Емерс со одлука го победи Винсент Качеро (30-27, 30-27, 30-27)
Крис Гутиерес против Коди Дарден – нерешено (28-28, 28-28, 28-28)