Дејан Милошевски прогласен за прв амбасадор на ИСЛАА

Во изминатите 14 години 547 млади од различни држави од целиот свет биле дел од Иванов школа за млади лидери (Ivanov School for Young Leaders),  ИСЛАА која може да се пофали дека изобилува со кадри од различни области, професионалци, спортисти, експерти, политичари на важни државни функции.

Минатиов викенд во Охрид се организирше дискусија на тема „Македонските спортисти – најголеми амбасадори на Македонија”.  Говорници беа Дејан Милошевски, долгогодишен алумни член кој својата кариера ја гради во САД како судија по карате, карате инструктор и член на велбинг тимот на Универзитетот Нортвестерн.  Дејан пред присутните го презентираше својот пат до успехот, зборуваше за своите почетоци, за сите подеми и падови, за сите победи кои ги има постигнато. Тој, исто така, сподели искуства и идеи како може да се подобри поддршката кон спортистите кои работат во Македонија и светот.

Гордан Јорданов – потпретседател и координатор за меѓународни односи на ИСЛАА. Гордан даде свој личен осврт на темата, како поранешен спортист и човек кој комуницира со Македонците насекаде во светот, и зборуваше за важноста на поддршката која треба државата да им ја дава на своите спортисти дома и надвор од Македонија.

Оваа година одбележуваме 15 години постоење на Иванов Школа за млади лидери, по тој повод извршниот одбор одлучи да прогласи амбасадори на Алумни асоцијацијата кои преку својата работа и делување во општеството позитивно ги практикуваат своите лидерски вештини и на тој начин ја промовираат Школата, ИСЛАА и Македонија.

„Честа да стане прв амбасадор на ИСЛАА му припадна на Дејан Милошевски- Македонец, врвен спортист, карате судија, но пред се вљубеник во Македонија, кој гордо го вее македонското знаме насекаде низ светот.  Дејан, ти благодариме за целата промоција која ја правиш на ИСЛАА и на Македонија насекаде низ светот. Македонија е твој дом, а ИСЛАА секогаш ќе биде твое второ семејство. Честа да бидеш дел од нас е огромна“, истакнуваат од  Иванов школа за млади лидери (ИСЛАА).

„Благодарен сум за неверојатниот настан организиран од Иванов школа з малади лидери- Алумни асоцијација (ИСЛАА)  и за можноста да ја споделам мојата карате приказна со македонската публика!  Вашата поддршка и ентузијазам ми значат најмногу на светот.

Длабоко сум почестен и од промоција во прв амбасадор на Исла.  Привилегија е да се претставува таква фантастична организација која поттикнува мотивација, позитивна енергија и гради млади лидери во Македонија.  Навистина сум возбуден за успехот што претстои и влијанието што ќе го направиме заедно.  Ви благодарам, што верувате во мене и за оваа прекрасна можност“, изјави Милошевски!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON