Деби од сништата: Атрактивната Русинка со брутален нокаут ги заќути критичарите (ВИДЕО)

289

22-годишната Дијана го украде шоуто и привлече внимание со своето прво појавување за познатата американска промоција.

Ноќта, петок спрема сабота, не донесе баш многу прекини во кафезот на Белатор.

На настанот што се одржа во Анкасвил, САД, видовме дури 13 меча, од кои само три завршија со прекин. А единствената што беше регистрирана со нокаут е дело на младата Дијана Авсарагова.

22-годишната Русинка ја забележа третата професионална победа од исто толку настапи на Белатор 256, а нејзиното деби за славната американска промоција не можеше да биде поимпресивно.

Имено, Авсарагова за само 29 секунди ја нокаутира ривалката Тара Граф (1-3), со што ги оправда очекувањата.

Дијана е одличен борец, но, како што покажа на овој меч, нејзините противнички ќе треба да внимаваат и на другото оружје со кое располага.

„Многу луѓе сметаа дека не сум подготвен за ова ниво, но сега докажав дека не се во право“, рече Авсарагова по средбата.