Дејан Митровски: Репрезентативците мора да бидат подготвени, но држвата мора да им помогне на клубовите

614

Пандемијата на коронавирусот ги парализира сите спортски активности, а со денешното укинување на забраната за движење (полицискиот час) и претходно донесените протоколи за ативирање на поединечните  спортовиги исправија пред огромен предизвик стручните лица и водечките луѓе на спорстките федерации како да се продолжи. Можеби порано жалевме што нашите спортисти не освојуваа некој медал повеќе или не беше посјаен, сепак сега предизвикот е поголем – како да се покренат спортистите и да дојдат до врвна форма која ќе гарантира успех.

„Овој неочекуван период на корона панденијата и живот во изолација, Кик бокс маитаи федерцаијата на Македонија (КМФМ) го користи за средување на документација, регистрациски картони на натпреварувачите и правилници за работа на комисиите“, вели претседателот на КМФМ и селектор на кик бокс и маитаи репрезентациите на Македонија, Дејан Митровски – Урко.

Тој истакнува дека поради новонастанатата состојба, на сите тренери на клубовите членови на КМФМ им дале упатства како да влијаат на своите натпреварувачи самостојно да продолжат со вежбање, одржување и подобрување на нивната кондиција. Како причина за ова сенаведува првиот меѓународен натпревар оваа сезона кој стартува во Македонија, односно во Скопје од 25 до 27 септември со одржува на Балканското првенство во кик бокс 2020 во дисциплините лоу кик и кик лајт за сите возрасти.

„Нашите репрезентативци мораат да бидат подготвени и нашата земја да ја претстават во најдобро светло со врвен пласман. Како тренер во КБК Шампион од Скопје, на моите натпреварувачи им давам насоки и упатства да не се групираат,и поединечно, секој сам да си ја одржува формата со пешачење на планини, трчање, да прават импровизирани вежби во домашни услови, шадо рунди со замислена борба и многу да внимаваат на исхраната и својата килажа“, потнцира Митровски и додава:

„Верувам дека сите тренери имаат таков однос и третман кон своите натпреварувачи. И верувам дека на претстојното Балканско првенство кое е првиот меѓународен турнир оваа сезона ќе направиме добра репрезентација и секако ќе постогнеме одлични резултати за нашата земја“.

По Балканското првенство, наведува Митровски, до крајот на годината следат европските и светските првенства во кик бокс и маитаи кои се од голема важност за нашата репрезентација.

„Ветувам дека и покрај тешката состојба ќе се обидеме да организираме и уште едно национално првенство во кик бокс и маитаи за сите дисциплини и возрасти. Можам да кажам дека овој период на коронавирусот ни нанесе огромна штета на нас спортистите и тоа во време кога требаше најмногу да се подготвуваме за првенствата што претстојат. Сега, сите стагнираме и сме принудени самостојно и  посебно да вежбаме. Индивидуално да ги дозираме тренинзите, а со ваков тип на тренинзи, без надзор и мотивација од тренер, ретко кој може да напредува, но барем влијаеме да се одржува формата и кондицијата“.

Претседателот и селекторот на КМФМ смета дека е време органите на власта да дозволат да почнат со работа спортските клубови, бидејќи на сите спортови и претстои многу напорна работа и тренинзи, за да се подготват за првенствата кои следат во втората половина од годината, доколку се среди состојбата со корона вирусот.

Митровски се осврнува и на лошата состојба на клубовите.

„Клубовите се наоѓаат во лоша финансиска состојба. Имаат трошоци за кирии, за просториите кои ги имаат закупено за тренинзи, а во периодов кој трае повеќе од два месеци, тренинзи не се одржуваат. Токму затоа, ја користиме оваа прилика и апелираме до Владата и Агенцијата за млади и спорт да ни помогнат на нас индивидуалните спортови со финансиска помош за клубовите. Со олабавувањето на условите кои што беа наведени во првиот пакет мерки, бидејќи тие услови речиси и не ги исполни ниту еден клуб од нашата федерација, да најдат начин да им помогнат финансиски на клубовите, односно да дадат средства во износ од најмалку три месечни кирии за секој клуб поединечно. На тој начин ќе помогнат и ќе овозможат преживување на нашите клубови во овој исклучително тежок период за спортот и за светот. Така ќе спречат пропаѓање и згаснување на голем дел од клубовите и спортистите од нашата земја“, нагласува Дејан Митровски.

Ipon.mk/В.Д.