Дејан Митровски реизбран за претседател, а Драган Атанасовски за генерален секретар на КМФМ

379

Денеска се одржа Собранието на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

На Собранието присуствуваа 15 од 18 делегати, 11 придружни членки, дел од членовите на УО на КМФМ и на покана на Федерацијата, присуствуваше и претставник од АМС на РМ.

Седницата се водеше по Дневен ред од 6 точки.

На седницата прво се усвои записникот од претходното Собрание 22.12.2019 година, потоа дневниот ред за ова Собрание и Завршната сметка за 2019 година.

Со мнозинство гласови од присутните делегати Дејан Митровски – Урко е избран за претседател на Федерацијата (втор мандат), а Драган Атанасовски за генерален секретар на федерацијата. Избрани се членови на Управниот одбор на КМФМ (9 члена), членови на Надзорниот одбор (3 члена).

Седницата на Собранието се одржа со почитување на протоколите за заштита од вирусот, со безбедна дистанца, мерење температура, носење маски и средства за дезинфекција.