Дејан Георгиевски на прием во АМС: Квалификациите за ОИ се последниот чекор до Токио! (ВИДЕО)

359

Репрезентативец на Македонија во таеквондо, Дејан Георгиевски го освои второто место на Европското првенство за олимписки категории во Сараево, Босна и Херцеговина, по тој повод, денес Агенцијата за млади и спорт организираше прес-конференција во која директорот Наумче Мојсовски му честиташе за освоениот сребрен медали му посака многу успех во иднина.

Георгиевски потенцираше дека негов императив во 2021 година е настап на Олимписките игри во Токио.

„Бев на бод од златото, но понекогаш мал пад на концентрацијата или спортската среќа се пресудни во овој спорт. Искрено се надевам дека претстојните квалификации за ОИ, кои се закажани за мај 2021 во Софија, ќе бидат последен чекор на мојот пат за Токио“, изјави Георгиевски.

На овој ЛИНК може да го погледнете видеото од прес-конфренцијата.