Дејан Георгиевски најуспешен спортист на Скопје за 2021 година, доминиција на спортистите од боречките спортови

403

Освојувачот на сребрен медал на Олимипјадата во Токио, членот на Таеквондо клубот Бутел, Дејан Георгиевски е прогласен за најуспешен спортист на Град Скопје за 2021 година.

– Се надевам дека во 2022 година ќе остварам уште подобри резултати, а на сите наши спортисти им посакувам успешна следна година и повеќе норми за големите натпреварувања, изјави македонскиот медалист од Игрите во Токио.

На денешната свеченост во градското собрание, наградата на Георгиевски му ја додели градоначалничката Данела Арсовска.

– Град Скопје, како и досега и во иднина ќе дава поддршка на спортистите. На сите освојувачи на признанијата им честитам од мое и од името на советниците и им посакувам многу успеси во идните настапи, рече Арсовска.

Од второто до 10.место во категоријата најуспешни спортисти во сениорска категорија се најдоа: борачот Могамед Нуров, кикбоксерката Викторија Варадинова, кикбоксерот Бобан Илиоски, каратистите Петар и Симона Заборски, маратонецот Дарио Ивановски, пливачот Филип Дерковски и маратонката Адријана Поп Арсова.

Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија: Стефан Стојановиќ (карате), Столе Смилковски (карате), Марија Спировска (борење), Мери Акиевска (фитнес), Миа Тодоровска (кик бокс), Калин Ивановски (тенис), Миа Блажевска- Еминова (пливање), Антонија Белазелкоска (карате), Мила Младеновска (карате) Александра Симева (тенис).

Најуспешен тренер е Борче Костовски од таеквондо клубот Бутел.

Анте Гаџа од РК Вардар е најуспешен странец кој игра за екипа од Скопје.

Андреј Стојановски и Стоилко Стоицев се најуспешни спортисти во категоријата на лица со попреченост.

Најуспешен перспективен млад спортист – кадет е тенисерот Амар Хусеиновиќ.