Дастин Пориер ги соопшти најголемите во ММА

255

Дастин Пориер откри кои ММА борци треба да бидат на листата на најголемите во историјата. Секој обожавател и ММА борец има различни ставови на оваа тема, но честопати некои имиња се присутни во оваа листа.

Пориер меѓу најдобрите го стави Хабиб Нурмагомедов, кој пред неколку години го победи во Абу Даби.

Дастин истакнува дека е голем обожавател на легендата Жорж Сент Пјер, кој беше меѓу првите ММА борци кои можат да направат се во кафезот. „Дијамантот“ се враќа во кафезот во декември и ќе се бори со Чарлс Оливеира за титулата во лесна категорија.

„Бев голем фан на Жорж Сент Пјер. Тој е еден од луѓето кои можат да направат се. Беше еден од првите борци кои навистина можеа да направат се. Сент Пјер е целосен ММА борец, светски шампион, зборуваше добро, а јас бев негов голем обожавател.

Хабиб е на листата на најголеми, таму е и Федор. Емелијаненко мора да е таму. Џон Џонс исто така треба да биде на листата“, рече Пориер во неодамнешна изјава за медиумите.