Даниел Кормиер загрижен за менталното здравје на Мек Грегор: Треба да побара помош

134

Конор Мек Грегор неодамна беше тешко повреден во мечот против Дастин Пориер, при што заврши на операција и го чека подолго закрепнување. Ирската ѕвезда на УФЦ не можеше да се помири со новиот неуспех, па ги навреди Дијамантот и неговата сопруга Џоли со несоодветни пораки.

Тој неодамна отиде чекор подалеку и објави порака на Твитер која отиде кај Хабиб Нурмагомедов и го допре неговиот татко.

„Ковид е добар, а таткото е злобен?“, напиша Конор и веднаш ја избриша пораката.

Да потсетиме, таткото на Хабиб Абдулманап Нурмагомедов почина пред една година од последиците на коронавирусот.

Многумина го осудија новиот испад на Конор, а меѓу најгласните беше поранешниот шампион Даниел Кормиер.

„Помина времето кога Конор можеше да влијае на противниците со своето однесување и речник. Пориер не го виде тоа, не можеше да му влезе во главата“, рече Даниел Кормиер и додаде:

„Но, кога ја допре сопругата на Дастин, а сега и таткото на Хабиб, тоа отиде предалеку. Не е многу соодветно да се зборува за смртта и ковид на таков начин“.

Поранешниот шампион е загрижен за менталното здравје на Мек Грегор.

„Тешко е да се разберат луѓе кои се уште ги одобруваат ваквите коментари и однесување. Конор треба да побара помош“, нагласи Даниел Кормиер.